https://www.facebook.com/Arsenal/photos/a.10150246028422713/10160591880937713/

16.01.2023 Скопје

Лидерот во Премиер лигата, тимот на Арсенал, синоќа со убедлива победа дојдоа до трите бода во големото дерби против тимот на Тотенхем.

Тимот на Арсенал последен пат го победи Тотенхем на гостински терен во 2014 година, а како лидер на табелата последен пат, два пати го победил најголемиот ривал во една сезона.

За Арсенал овој триумф беше 15-ти во 18 натпревари досега во Премиер лигата и со 47 бодови се лидери на табелата. Во синоќешниот одигран меч прво Уго Лорис си постигна автогол со една несмасна грешка по нафрлувањето од Букајо Сака во 14-тата минута, а Мартин Одегард во 36. минута зголеми на 2:0.

Екипата предводена од шпанскиот тренер Микел Артета ужива во одличната форма против останатите лондонски екипи, и на домашен и на гостински терен. Засега тие се без пораз или нерешен дуел против останатите 6 тима од главниот англиски град.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *