google and apple 123

27.01.2023 Скопје

Стив Џобс ја обвини компанијата Google дека го копира iOS со Android и му објави термонуклеарна војна на неговиот ривал, откако Google воведе сопствен оперативен систем за паметни телефони на крајот на 2000-тите.

Иако поминаа 15 години, ситуацијата меѓу двата технолошки гиганти не е многу подобрена. Според новите медиумски информации врз основа на разговор со поранешните инженери на Аpple, компанијата на Кук е во „тивка војна“ со Google.

„Тивката војна“ се води на три фронта – мапи, пребарување и онлајн рекламирање. Мaps е првата услуга што Apple ja воведе на своите уреди за им понуди на корисниците алтернатива на услугите на Google. Иако лансирањето не помина добро, со текот на времето нивните мапи беа усовршени и за многу луѓе тие навистина ги заменија Google Maps на iPhone. Тие неодамна ја претставија и опцијата Business Connect, која им овозможува на компаниите да ја постават својата дигитална локација на мапите на Apple и нуди неколку уникатни опции за iOS, како што е интеграцијата со Apple Pay.

Многу поопасно за Google е Apple Search, алатката за пребарување на Apple што компанијата наводно ја развива и која би можела да го замени пребарувачот на Google на iPhone и iPad. Ова секако не е добра вест за Google, кој е доминантен на овој пазар и генерира големи приходи од реклами, покрај резултатите од пребарувањето, но треба да се нагласи дека, кога станува збор за пребарување, плановите на Apple се уште се прилично непознати и се поставува прашањето колку се сериозни.

Apple планира да развие специјална рекламна мрежа за своите уреди што ќе им овозможи на огласувачите да го променат начинот на кој рекламите се доставуваат до iPhone. Во тој случај, Apple би можел да ги исклучи посредниците и да обезбедува услуги преку сопствената рекламна мрежа, а со тоа да ги земе доларите на Google.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author