16.01.2023 Скопје
Во тренинг-центарот „Графенвор” кај Нирнберг во Германија американската армија ќе спроведе нова, проширена обука на украински војници.
Предвидено е во текот на наредните пет до осум недели на фронтот во Украина да се вратат околу 500 обучени украински војници, изјави началникот на Здружениот генералштаб на вооружените сили на САД, генерал Марк Мили.
Мили појасни дека војниците пристигнале од Украина пред неколку дена и за нивна обука се обезбедени целосни комплети оружје и опрема, но засега Пентагон одбива да прецизира кога точно ќе започне обуката.
Мили додаде дека целта е целото ново оружје и опрема што ќе и биде доставено на Украина веднаш да биде употребливо за обучени војници.
САД веќе обучија повеќе од 3.100 украински војници да користат и одржуваат одредени видови оружје, вклучително ракување со американските хаубици и ракетните системи „ХИМАРС”.
Обуката покрај теренската работа предвидува и настава во училница и ќе започне со помали тимови, а потоа постепено ќе се зголемува со вклучување поголеми единици.
Подготвено од М.Н.