31.01.2023 Скопје
Амбасадорот на САД во Приштина, Џеф Ховениер, се огласи по средбата одржана во Амбасадата во врска со формирањето на Заедницата на српските општини, на која присуствуваа претставници на српската и албанската заедница од Владата, опозицијата и граѓанскиот сектор во Косово.
На состанокот присуствуваа претставници на различни косовски министерства, Владата, Собранието и Претседателството на Косово, како и претставници на опозициските партии и иницијативи и претставници на невладината „Нова социјална иницијатива” од Северна Митровица и „Институт за афирмација на меѓуетнички прашања” од Приштина и други.
Ховениер соопшти дека е одржана расправа со заедницата на општини со српско мнозинство и истакна дека ќе продолжат за се залагаат за спроведување на сите заложби од предлогот, и додаде дека, исто така, ќе се залагаат да спроведат дијалог за конечно решавање на долгогодишниот спор меѓу двете земји.
Подготвено од М.Н.