Photo by Crea Park form PxHere

30.01.2023 Скопје

Откако британските медиуми пренесоа дека Турција ги предупреди своите граѓани за можни „исламофобични, ксенофобични и расистички“ напади во САД и европските земји, амбасадата на Америка во Турција упати исто предупредување кон својот народ, односно за можни терористички напади врз цркви, синагоги и дипломатски претставништва во Истанбул.

Американската Амбасада предупреди на можни одмазднички терористички напади во областите на Истанбул каде што често има западни туристи, особено во областите Бејоглу, Галата, Таксим и Истиклал.

Неколку амбасади во Анкара, вклучително и на САД, Германија, Франција и Италија, исто така издадоа предупредувања за можни напади на места за богослужба, по одделните инциденти во кои беа палени Курани во Шведска, Холандија и Данска.

Подготвено од М.Н.

About Author