20.01.2023 Скопје
Македонскиот ракометен прволигаш Охрид го донесе и третото странско засилување во своите редови во јануарскиот преоден рок, откако потпиша договор со 30-годишниот алжирски репрезентативец Абдерахим Будрали.
Левиот бек на репрезентацијата на Алжир, кој е висок 203 см, доаѓа во редовите на Охрид од кувајтски Ал Наср, а претходно во кариерата настапуваше за туниски Мсакен и Е. С Аин Тута од Алжир.
Претходно овој месец, Охрид се засили со турскиот репрезентативец Ерај Каракоч и Словенецот Гал Цирар, како и со повремениот македонски репрезентативец Стефан Дрогришки.
Подготвено од А.Ѓ.