30.01.2023 Скопје
Сараевското „Ослобоѓење“ пишува дека Албанците кои живаат во трите општини на југот од Србија, Прешево, Бујановац и Медвеџа, најавуваат големи протести за во март.
Главното барање на тамошните Албанци е да се формира заедница на албанските општини по примерот на најавената заедница на српските општини од северот на Косово. Обвинувајќи дека се дискриминирани тие за споредба го користат фактот дека во косовскиот парламент се обезбедени места 20 претставници на помеѓу 80 и сто илјади срби кои таму живеат додека 140 илјади Албанци во Србија имаат само еден свој претставник во парламентот на Србија.
За таквата состојба, тие ги обвинуваат властите во Белград, но и европските институции во Брисел, за кои тврдат дека воопшто не биле заинтересирани да се занимаваат со оваа прашање.
По повеќегодишното пролонгирање на решавањето на оваа прашање, советникот во американскиот Стејт департмент, Дерек Шолe, и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, деновиве посочија дека е време на Косово да се формира заедница на општини со српско мнозинство и дека тоа е правно обврзувачка меѓународна обврска.
Подготвено од А.Ѓ.