31.01.2023 Скопје
На овогодинешното издание на „Масо Куп“ кој изминатиот викенд се одржа во Њукасл, Австралија, настапија 18 македонски фудбалски клубови од оваа земја.
На турнирот учествуваа вкупно 34 тимови од цела Австралија кои беа поделени во четири категории, а се одиграа вкупно 65 натпревари пред 3.000 гледачи.
Победници беа женскиот тим Броудмедоу Меџик и машките тимови, Алтона Меџик, Њукасл Македонија Спортс и Рокдејл Илинден.
Пехарот на победничкиот тим Њукасл Македонија го предаде македонската амбасадорка во Австралија Билјана Стефановска-Сековска.
Подготвено од М.Н.