https://www.facebook.com/photo/?fbid=199234502678322&set=pb.100077753190307.-2207520000.

21.12.2022 Скопје

Во текот на вчерашниот ден, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска се сретна со претставници на СОС детско село.

На средбата од нивна страна беа презентирани резултатите од кампањата спроведена во текот на 2022 година во 23 општини „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, која беше спроведена со цел промоција на важноста на згрижувањето како процес. Благодарение на оваа кампања забележани се нови семејства кои покажале интерес да бидат згрижувачи.

Креирањето на систем кој ќе обезбедува соодветна заштита на секое дете подразбира развивање на згрижувачките форми според потребите на децата, затоа во следниот период фокусот ќе се стави на унапредувањето на вештините и знаењата на згрижувачите со посебен акцент на развивање на интервентните и специјализираните згрижувачки семејства.

Министерката Тренчевска истакна дека целта како Министерство за труд и социјална политика е да работат и на квалитетот на испорачани социјални услуги и фокусот навистина треба да биде на интервентните и специјализираните згрижувачки семејства.

Но, претставниците на СОС детско село ја информираа министерката дека истовремено работат на развивање на советодавно – терапевтски центар кој за прв пат ќе ја имлементира траума информативната пракса како клучна алатка во работата со деца кои доживеале некаква траума.

На крајот од средбата присутните се согласија дека продолжува соработката и понатаму со цел унапредување на положбата на згрижувачките семејства и подобрување на квалитетот на услугите посебно на услугите од детската заштита.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author