09.12.2022 Скопје
Министерот за социјална солидарност Невин ал-Кабаг соопшти дека дваесет и пет од секои сто брачни парови во Египет се разведуваат.
На состанокот со парламентарната комисија за социјална солидарност, Кабаг истакна дека уделот на разводите е најголем меѓу партнерите на возраст меѓу 20 и 30 години.
Податоците на египетската Централна агенција за јавна мобилизација и статистика покажуваат дека бројот на разводи во 2021 година достигна 254.777 – 14,7 отсто повеќе отколку во 2020 година, кога изнесуваше 222.036. За споредба, браковите минатата година пораснале за само половина процент во однос на претходната година.
Во соработка со авторитетниот муслимански универзитет Ал-Азхар и Коптската православна црква, египетското Министерство за социјална солидарност прави напори да го намали бројот на разводи во северноафриканската земја.
Еден од чекорите е програма за популаризирање меѓу младите на вредноста и важноста на бракот.
Подготвено од А.Ѓ.