zheleznici skopje

15.12.2022 Скопје

Откако изутринава ЕВН поради долг за неплатени сметки ги исклучи од мрежата објектите на државното железничко претпријатие кај депото во скопско Лисиче и во Велес, Железници Транспорт на Република Северна Македонија АД Скопје напладне повторно доби струја.

ЖРСМ Транспорд ја потврди информацијата дека повторно има струја и прекинот на напојувањето со струја не се одразил на одвивањето на железничкиот сообраќај, иако постоело таква опасност со оглед дека струја им е потребна за пумпите за нафта.

Претходно во изјава за медиумите, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најави дека Железници ќе има струја и повтори дека долгот кон ЕВН за неплатените сметки на одредени државни институции ќе биде подмирен веднаш штом во Собранието ќе помине најавената пренамената на средствата од Буџетот.

Според Битиќи, не треба никаква друга гаранција дека тоа ќе се исполни, бидејќи веќе го најавија и премиерот Димитар Ковачевски и други членови на Владата.

ЕВН има даде рок до 15 овој месец на повеќе институции да го платат долгот за потрошена електрична енергија, меѓу кои се и Клиничкиот центар и „ЖРСМ Транспорт“ и други.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author