edi rama i lajen

06.12.2022 Скопје

Лидерите на ЕУ се појавија на почетокот на Самитот во Тирана со пораки за поддршка на Западен Балкан и неговото приближување до Европската Унија.

Францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека војната во Украина е безбедносно прашање за целиот регион, додавајќи дека енергетиката и процесот на интеграција се две други важни прашања за кои денеска ќе разговараат лидерите на регионот и на Европската унија.

Чешкиот премиер Петр Фијала оцени дека зближувањето на ЕУ и земјите од Западен Балкан успева и тоа што средбата по првпат ќе се одржи во регионот, претставува сигнал за поддршка за многу блиските партнери ЕУ. Воедно, додаде дека Самитот е јасен сигнал за поддршка за земјите кои се многу блиски партнери на ЕУ и стабилноста во регионот е во интерес на ЕУ.

Премиерот на Чешка, која ќе претседава со ЕУ до крајот на годината, најави дека на Самитот ќе разговараат и за заедничката платформа на ЕУ и Западен Балкан за набавка на гас и водород и конкретни чекори за ублажување на последиците од руската инвазија на Украина врз цените во Европа, во кои би можел да учествува и Западен Балкан.

Важна тема на Самитот, според Фијала, ќе биде и илегалната миграција преку балканската рута, и во овој контекст тој смета дека важен елемент во борбата против илегалната миграција ќе биде брзото усогласување на визната политика во регионот со визната политика на ЕУ.

За првпат по преземањето на функцијата и италијанската премиерка Џорџија Мелони пред почетокот на самитот во кусата изјава за медиумите рече „имаме голема одговорност кон балканските земји“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author