https://www.facebook.com/photo?fbid=190374603569481&set=pcb.190374946902780

09.12.2022 Скопје

Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека западните сили со сите можни средства настојуваат да ја одржат доминацијата на светската сцена со што ја зголемуваат опасноста од избивање на судири.

Путин изјави дека потенцијалот за избивање судири во светот расте како директна последица на настојувањето на западните елити со сите можни средства да ја одржат својата политичка, финансиска, воена и идеолошка доминација.

Во видео порака упатена до министрите за одбрана на земјите-членки на Шангајската организација за соработка и група поранешни советски земји, рускиот претседател говореше дека тие, елити, свесно предизвикуваат хаос и ја отежнуваат меѓународната ситуација. Исто така, го обвини Западот дека „ја експлоатира“ Украина и го користи украинскиот народ како топовско месо во судирите со Русија.

Путин постојано ја карактеризира војната во Украина, која Москва секогаш ја нарекува „специјална воена операција“, како судир меѓу Русија и Западот и ги критикува земјите кои воено и финансиски ја помагаат Украина.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author