https://www.flickr.com/photos/jlagrosas/2345663195/in/photolist-4zh8WT-ZrTnv3-zX2FFE-z4M1Qt-8zuHPw-zFy2ko-5a17X8-cowC8b-cowtKE-A8BwRU-cowCKq-zJ9xge-zJ5b7N-cowuY3-HVZybh-5a5pZY-HS1yhS-JDdEDy-2hLAovJ-cowDyY-5vfqV3-AKovnf-cowzzJ-ZrTjEd-coweeq-cowt7Y-aXuYk2-cowwgs-Z8kwq3-cowHm9-cowxFL-cov54s-cowsvA-MrpGK1-ZrTmxm-Ztn3Pu-Z8kwgW-Ztn3w5-ZrTjaW-ZrTkr3-cowvtW-cowxaq-ZrTnxN-ZrTmo3-Cq3sXj-Z8kw4m-YrvcGW-Zwb2E8-Zwb2VZ-Z8kwQ1

16.12.2022 Скопје

Во писмото кое утринава е испратено на мејлот на скопскиот аеродром, текст кој веќе и се споделува на социјалните мрежи напишано е „Македонците се соучесници во уништувањето на мојата земја. Затоа на денешниот ден се удруживме со нашите истомисленици за да ги минираме следните локации во Скопје и тоа со 8 бомби на Меѓународниот аеродром Скопје, 5 бомби во Националната арена „Тоше Проески“, една бомба во зградата на ФФМ, една бомба во ТЦ „Ист Гејт“, две бомби во хотел „Мериот“ и една бомба во хотел „Сенигалиа“.

Во дописот се вели дека бомбите се активираат и ќе експлодираат на „сеизмичен покрет“.

„Можеме ова да го правиме секој ден, го сакате ли ова? Бидејќи крајот не изгледа добро по вас и вашите деца, граѓани, луѓе. Или можете да решите конечно да ја направите вистинската одлука, а тоа е да ги суспендирате санкциите“, се вели во заканувачката порака.

Подготвено од М.Н.

About Author