31.12.2022 Скопје
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, смета дека моментално постигнатото смирување на тензиите меѓу Белград и Приштина со посредство на Западот „не може да биде одржливо, а да се игнорираат важните прашања за српскиот народ“.
Захарова истакна дека, се додека Приштина не ја исполни обврската што ја саботира десет години, ситуацијата ќе остане иста со постојана опасност од повторна ескалација на конфликтот и додава дека изјавите на приштинските власти покажуваат дека немаат намера да се откажат од идејата за насилна контрола на деловите населени со Срби.
Руската министерка за надворешни работи додаде дека многу добро ја знаат цената на какви било гаранции од Западот, односно дека тоа го виделе многупати во Украина, на Балканот и во други кризни жаришта.
Клучните прашања на Косово ќе останат нерешени, постигнувањето трајно решение не е можно. Посредувањето на ЕУ во дијалогот не дава резултати, преговорите се бесмислени, што и дава можност на Приштина да го зајакне антисрпскиот наратив, изјави Захарова.
Подготвено од М.Н.