ogorec voen analiticar

21.12.2022 Скопје

По најавата дека Зеленски ќе го посети Вашингтон каде ќе има свое обраќање пред Конгресот, воениот аналитичар Маринко Огорец и аналитичарот за надворешна политика Бранимир Видмаровиќ посочија дека нема да има мир во Украина се додека не се договорат двете клучни страни, а тоа се Русија и САД.

Огорец истакна дека Зеленски оди во САД бидејќи влогот е голем, а Видмаровиќ вели дека ова патување е голем чекор напред за Украина и Зеленски бидејќи САД се нивен сојузник во текот на целата војна.

Во Бахмут со месеци се водат жестоки борби, а вчера тој опколен град го посети украинскиот претседател Володимир Зеленски, воениот аналитичар вели дека градот е важен за двете страни, а од геостратешка гледна точка, тешко е да се објасни зошто токму Бахмут.

Видмаровиќ смета дека Украина може да издржи многу долго со поддршка од сојузниците, но дека и Русија може исто така да издржи бидејќи прашањето за мобилизација во Русија се уште не е заклучено, и доколку треба ќе бидат повлечени онолку луѓе колку што е потребно.

Подготвено од М.Н.

About Author