
23.12.2022 Скопје
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави дека родовиот прогон може да претставува злосторство против човештвото.
Бербок најостро ја осуди одлуката на Талибанците да им забранат на жените да одат на универзитети, што заедно со другите мерки преземени од талибанците, може да изгледа како систематска политика.
Десетици жени се собраа денеска пред универзитетот во Кабул во знак на протест против одлуката на Талибанците да ги затворат универзитетите за жени.
Талибанската Влада во Авганистан се соочи со критики, вклучително и од странските власти, поради одлуката да им се забрани на жените да студираат.
Подготвено од М.Н.