01.12.2022 Скопје
Приватните автобуски превозници од двете здруженија „Макекспрес“ и „Слобода превоз“ со околу 200 автобуси најавија дека во текот на утрешниот ден ќе го блокираат Скопје.
Првиот човек на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски изјави дека во текот на денот ќе биде соопштено во колку часот ќе почнат протестите, и кои се улици, булевари и крстосници ќе бидат блокирани.
Најавените протести кои според сегашните најави се очекува да кулминираат во утрешниот ден создадоа нервоза кај населението во Скопје но и пошироко, бидејќи најверојатно граѓаните или нема да успеат да пристигнат на своите работни места, на лекар или пак во училиште или пак ќе доцнат со часови.
Претходно приватните превозници во понеделникот ја блокираа раскрсницата кај ТЦ „Мавровка“ каде паркираа 30 автобуси но беа повлечени истиот ден поради посетата на висока германска делегација.
Претставниците на двете здруженија на приватните автобуски превозници им дадоа ултиматум на градоначалничката на град Скопје Данела Арсовка и на надлежните во ЈСП „Скопје“ да се состанат и да изнајдат начин како да се реши проблемот со превозот на патници, но бидејќи не беа повикани на средба, а долгот кој приватните превозници тврдат дека кон нив во има ЈСП „ Скопје “ се `уште не е исплатен, според најавите Скопје утре сепак ќе биде под блокада.
Подготвено од М.Н.