ddv

28.12.2022 Скопје

Граѓаните кои скенираат кодови на сметки ќе добиваат поврат на 2.100 денари за три месеци, а не 1.800, како што беше досега.

Владата, на последната седница, даде зелено светло на Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, предложен од Министерството за финансии.

Мерката за поврат на дел од ДДВ стартуваше во јули 2019 година како начин на враќање пари кај граѓаните со што и тие ќе учествуваат во намалувањето на сивата економија и во елиминацијата на даночното затајување во земјата.

Мерката превидува враќање на 15 отсто од данокот на додадена вредност на сметки на граѓаните кои ќе скенираат кодови од фискални сметки со апликацијата „Мој ДДВ“, платени во трговските објекти во целата земја.

Можноста за поврат на дел од ДДВ-то е достапна за сите граѓани на кои имаат наполнети 15 години и кои се регистрирани на системот на УЈП. Поврат на овој начин се врши само за граѓаните, а не и за претпријатијата и може да се користи само за фискална сметка до износ од 30.000 денари.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author