07.12.2022 Скопје
Заменичката директор на Светската банка, Ана Бјерде, изјави дека доколку војната во Украина заврши сега, повоената обнова на земјата ќе чини помеѓу 500 до 600 милијарди евра.
Бјерде истакна дека претходно имаат објавено бројка, пресметана заедно со Европската комисија и владата на Украина, за тоа колку пари ќе бидат потребни за обнова на Украина и таа да се приближи до европските стандарди, на пример во енергетска ефикасност. Според состојбата заклучно почетокот на јуни, таа цифра беше 350 милијарди евра.
Според Бјерде, оттогаш таа бројка значително пораснална приближувајќи се до сегашната оценка.
Подготвено од А.Ѓ.