https://www.facebook.com/photo/?fbid=647242236988926&set=pb.100051094670379.-2207520000..

02.12.2022 Скопје

По денешната средба со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека го информирал како Белград гледа на ситуацијата на Косово и дека е подготвен да ја разгледа одлуката на Србија за учество на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана доколку види дека има смисла, а Вархеји порача дека Србија е потребна на тој самит, како и нејзиниот лидер да седи на масата заедно со сите.

Вучиќ потенцираше дека Србите на северот на Косово повеќе нема да го трпат теророт на Курти и дека никој тоа не сака да го чуе. Воедно, рече дека разговарал и со премиерката Ана Брнабиќ и дека и таа смета дека треба да присуствува на Самитот.

Еврокомесарот Вархеји на конференцијата рече дека Европа е „на клучен, ако не и на критичен, крстопат”. Тој додаде дека големо внимание се посветува на односите меѓу ЕУ и Србија и политиката на проширување, бидејќи едно нешто што го покажала руската агресија врз Украина е дека единственото вистинско долгорочно решение за мир, стабилност и просперитет е членството во Унијата.

Како што оцени, придобивките од пристапниот процес може да се видат и во Србија, „но за да се реализира сето тоа мора да работиме заедно”.

Тој изрази надеж дека во Тирана ќе биде потпишан договор за роаминг, кој ќе го внесе Западен Балкан во роаминг зоната на ЕУ, што би значело дека следната година кога луѓето ќе одат на одмор, секој може да има корист од тоа.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author