https://www.facebook.com/photo.php?fbid=677535193959630&set=pb.100051094670379.-2207520000.&type=3

27.12.2022 Скопје

Лидерот на партијата на слободата Илир Мета, кој до 24 јули беше претседател на Албанија, истакна дека случувањата на северот на Косово, се главна одговорност на Рама и Вучиќ.

Единствена закана за граѓаните на северно Косово се бандите кои таму вршат одредени активности, а одговорноста е на Белград кој ги одржува во живот и ги активира секогаш кога сака да создаде вештачки тензии, истакна Мета.

Мета наведе дека за политиката на провокации на Србија е одговорен и албанскиот премиер Еди Рама, кој според него, ги поддржал обидите на Белград и овозможил доминација на Србија во регионот.

Според Мета честопати нејаснотиите на официјална Тирана за некои прашања, не биле во интерес на зајакнувањето на позицијата на Косово, ставајќи го под непотребен притисок да се вклучи во Отворен Балкан.

Има и други случаи со кои и се помагаше на Србија да изгледа како конструктивна земја, а да се направи Косово да изгледа како да е против разговорите. Србија ги искористи овие години за да добие што повеќе пари од ЕУ и да излезе од политиката на ЕУ, додаде Илир Мета.

Подготвено од М.Н

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *