https://www.facebook.com/photo?fbid=597469759049288&set=a.125933199536282

03.12.2022 Скопје

Во минатото кога Пелистер и Вардар ќе „вкрстеа копја“, тоа беше празник за македонскиот фудбал. Веројатно и денес ќе биде така, меѓутоа во далеку пониска мера од претходните случаи, а причината за тоа е едноставна – „вечните“ ривали го играат првото дерби во рамките на Втората македонска фудбалска лига.

Претходните две сезони, Вардар, па Пелистер беа најслабите екипи во ПМФЛ и доживеаја релегација во ВМФЛ. Така, дојде време за првото дерби во вториот ранг на фудбалот во земјава. Вардарци се во подобар ритам, како лидер го чекаат дуелот со ривалот од Битола. Пелистер исто така има свои математики, заостанува шест бода зад скопјани, па победа во целост ќе ги врати во трката за врвот.

Мотив повеќе со сигурност ќе биде и официјалното „деби“ на новата трибина на стадионот „Петар Милошевски“. Битолската публика со сигурност ќе го проследи овој натпревар во голема бројка, а спектакл се очекува и на трибините, бидејќи ќе има присуство на двете навивачки групи. Дербито ќе има полн сјај, со „Чкембари“ на едната, а „Комити“ на спротивната страна кои ќе ги бодрат своите пулени.

Како и останатите натпревари во ВМФЛ, дербито меѓу Пелистер и Вардар е закажано за 13:00 часот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author