https://www.flickr.com/photos/libardoni/5346397717/in/photolist-99rFLZ-7K4HaL-orEVv4-eXRJP6-fF7R5s-aHzJpD-VoWtsK-7gGYMD-7HSL7J-5PUSAf-6DRu3p-6w3yKh-6DRsVH-anBrbB-eXRjMd-56Y5eH-cEx7zj-35MTNZ-8oQCT6-qCUAt3-35NPzc-6eMbXG-8vGh6W-oFtdf3-9iMcxC-dxPs5u-dxHYeM-ukvzc-dFibbT-dxHTx4-dxPoys-7n5yks-85f2Jc-7HNzMP-4RWv38-zUuBRd-aYstmx-8oQFDv-7kBJ7F-5SfZf2-eQCZik-81nBAR-7ZPfUn-dxHWtg-2mTtTcn-hSxFbm-dFid7X-2eSWMS7-rygjwT-qTTmcM

29.12.2022 Скопје

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја укина старосната граница за пензионирање, овозможувајќи итно пензионирање на повеќе од два милиони работници.

Во Турција, претходно, старосната граница за пензионирање беше 58 години за жени и 60 години за мажи.

Не се знае колку ќе ја чини државата новиот систем, но Ердоган изјави дека 2,25 милиони луѓе можат веднаш да се пензионираат.

Во Турција моментално има 13,9 милиони пензионери.

Изминативе неколку години, синдикатите протестираа против минималната старосна граница за пензионирање и бараа работниците да завршат задолжителен број години стаж за да се пензионираат.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author