https://www.facebook.com/messenger_media?attachment_id=8461183377286613&message_id=mid.%24cAAAB9sGgmxmLgF419mFTxjg1tWIi&thread_id=100000536213314

26.12.2022 Скопје

Од МВР соопштија дека вчера попладне во 17.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле под слобода 22-годишниот Ј.А. од село Селце, тетовско.

При преглед во возило „форд фокус“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал Ј.А. биле пронајдени и одземени 2423 парчиња пиротехнички средства.

Од МВР соопштија дека на автобуската постојка Беловиште лицето Ј.А. со возилото не застанал на знак за запирање, но набргу, на автобуска постојка во с.Пршовце бил престигнат и при контрола во возилото биле пронајдени пиротехничките средства.

Лицето Ј.А. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *