denari

22.12.2022 Скопје

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изјави дека во тек е исплата на еднократната парична помош за пензионерите кои се пријавија на Јавниот повик од 3.300.000 денари.

Герасимовски истакна дека во услови на економска криза, зголемени сметки за струја и зголемени трошоци за пазарење во пресрет на новата година, Општина Центар обезбеди еднократна парична помош за пензионерите со пензии до 17.518 денари. Воедно, додаде дека на повикот се имаат пријавено околи 1500 пензионери и за нив исплата во моментов е во тек.

Во соработка со општествено одговорните компании, Герасимовски најави и доделување на околу 3000 пакетчиња за децата во болниците, во здружението за даунов синдром во малите групни домови.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author