26.12.2022 Скопје
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека во текот на вчерашниот ден е продолжено со контролите во областа на сообраќајот на територијата на Град Скопје.
Изречени се вкупно 148 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 11 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 60 санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се и пет мерки за нерегистрирани возила, шест санкции за возач почетник, и три мерки за минување на затворен сигнал односно црвено светло, соопшти МВР.
Од МВР соопштија дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови, и упатија апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да биде зголемена безбедноста во сообраќајот.
Подготвено од М.Н.