https://www.flickr.com/photos/atkcommunity/7859060074/in/photolist-cYtJKL-2noBn9e-215euX1-qpfGzL-e6nCa1-e6gVxt-e6gZnX-e6nB2E-WMkmS5-e6gZgM-2nXuWbT-2nXsyEw-Q1YKmf-cYtJpE-e6nAnQ-e6nHDh-e6nK3o-e6nJUG-e6h6eM-peybgt-e6nMxu-e6h2t8-2nXvmAx-2nXq14z-UpodtW-cYtHSA-e6nDuq-U3Cz9u-MaFPsR-V5J3g3-Ai52h6-2nouWsL-214bBNs-2ajWvSy-2hHUY8n-2noy1JY-2169bPC-e6nBzq-2noA32h-2mk5ARB-2noq9XV-2novzSF-2noyuyR-2novRQA-2noq9UP-2nGuQwp-2nowHt1-2nozfpb-2noxaN5-bLn9gi

13.12.2022 Скопје

Денеска во Скопје институтот за социолошки и политичко правни истражувања (ИСППИ) при УКИМ – Скопје ќе одржи презентација на Првиот извештај на Британскиот совет за мапирање на индустријата за развој на игри во Република Северна Македонија.

Овој проект е реализиран во периодот од 2021/2022 година од страна на истражувачкиот тим на ИСППИ во чиј состав беа професорките Ганка Цветанова, Мирјана Борота Поповска и Марија Топузовска Латковиќ, во соработка со Македонската асоцијација за развивање игри – МАГДА.

Во овој проект станува збор за прв извештај во чии рамки е применета сеопфатна методологија согласно препораките на Британскиот совет за лоцирање на креативните индустрии во државата.

Од ИСППИ наведуваат дека како резултат на истражувањето биле генерирани значајни сознанија од коишто се произлезени релевантни заклучоци и препораки како за чинителите во оваа индустријата така и за креаторите на националните политики, со цел поддршка и унапредување на индустријата за развој на игри во Република Северна Македонија.

Подготвено од М.Н.

About Author