protesti kosovo

22.12.2022 Скопје

Голем број Срби од Косово се собраа во селото Рударе во северно Косово, каде напладне ќе започне најавениот протест.

Во соопштение за јавноста од Приштина се вели дека „залагањата за јакнење на јавниот ред и мир, нудењето безбедност за граѓаните и преземањето полициски мерки согласно ситуацијата и развојот на настаните на северот на државата, и натаму ќе останат примарни објективи и задачи на Полицијата на Косово“.

Во соопштението исто така истакнато е дека на север од Митровица е најавено дека ќе се одржи протест, поради што Полицијата на Косово, признавајќи го правото на јавни собири преку мирни протести, според службената должност се грижи за зачувување на јавниот ред и мир, како и за задачите одредени според Уставот на Република Косово.

Полицијата на Косово ги повика граѓаните да бидат внимателни, да протестираат на мирен начин и да не станат жртви на можните провокации, од било каква природа, се вели во соопштението.

Србите во Рударе протестираат против изјавата на косовскиот премиер Албин Курти, дадена во интервју за „Гардиан“, дека стравува дека при отсранувањето на барикадите може да има жртви, што според организаторите на протестот се толкува како најава на „истребување на српскиот народ во Косово“ и убивање на Србите на барикадите.

Подготвено од М.Н.

About Author