https://pbs.twimg.com/media/FXyi2ZPVQAAb3Am?format=jpg&name=large

14.12.2022 Скопје

Во Република Северна Македонија неопходна е „сеопфатна ревизија“ на изборното законодавство, а се признава одреден напредок во делот на темелите, односно владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал, но сепак се бараат и дополнителни напори на тој план, стои во заклучоците за проширувањето на Унијата што ги усвои министерскиот Совет за општи работи.

Во заклучоците усвоени во пресрет на декемврискиот Самит на Европската унија се поздравува одржувањето на првата меѓувладина конференција на Република Северна Македонија во јули годинава како признание на нејзиниот прогрес на реформскиот пат, како и чекорите што Европската комисија ги презема во процесот на скринингот со земјава.

Во однос на судството, се оценува дека е постигнат одреден напредок во спроведувањето на судската реформска стратегија, но одржливи напори се потребни за обезбедување на независност, непристрасност и професионалност на судството, и затоа повикаа уште еднаш да се следат препораките на Државната комисија за спречување на корупција.

Јавната администрација според Европската унија повторно останува слаба точка каде транспарентноста, заслугата и еднаквата застапеност се суштински, а се поздравува ветувањето Република Северна Македонија да биде усогласена со визната политика на ЕУ и соработкана со миграциските текови преку соработката со Фронтекс.

Добрососедските односи и регионалната соработка остануваат од суштинско значење и Европската унија очекува сигурни резултати во спроведувањето на билатералните договори со Грција и Бугарија.

Подготвено од М.Н.

About Author