https://www.flickr.com/photos/ipostcross/49138640673/in/photolist-6yVpNA-aZ76ua-6yRkgc-2hSdnUD-QH3Z1-dEsKc-4H7m3L-5JP2FV-aZ76yP-5XfGYM-fU74V-fGNkAU-fU73v-dEtfj-fU73Q-4PAs3j-bDfHKa-fU75g-9dPqnk-fGNkzw-Tf6jiQ-cwrNeq-5LHvbG-2svA9V-48pVuv-7DD9gP-7fQHzh-2mCtek-RHNY6o-4Qeema-3DRFdB-8ViZA-4MAig-4xPF1N-4tfSk3-4nrqRy-6a9frq-eNMQ4-bm5S3E-bsQWWr-oY2LP4-5JNS9v-9DtXkz-9nVkzU-fU6NL-5JT2PY-GrhGk-8ZuhEj-ssMy2-4MAii

30.12.2022 Скопје

Пакистанската полиција соопшти дека во неколку рации биле уапсени околу 1.200 авганистански државјани, вклучувајќи жени и деца, кои дошле во јужниот пристанишен град Карачи без валидна документација.

Уапсените авганистански деца биле сместени во затворските ќелии, и со тоа предизвикаа остри критики од Авганистан, кој има лоши односи со соседен Пакистан.

Во извештај објавен од пакистанската Национална комисија за човекови права, стои дека најмалку 139 Авганистанки и 165 деца се во затвор со висок степен на обезбедување во Карачи.

Пакистанските власти објавија дека уапсените ќе бидат депортирани во Авганистан по отслужување на затворските казни за нелегален влез или кога нивните адвокати ќе ја достават потребната документација за нивно ослободување.

Иако Пакистан рутински врши такви апсења, во октомври започнаа серија координирани рации за апсење Авганистанци без валидни документи во Карачи и на други места во државата.

Подготвено од М.Н.

About Author