17.12.2022 Скопје
Во Кавадарци овој викенд ќе се одржи предновогодишен саем на мали тиквешки семејни винарии кое се организирани од страна на истоименото здружение.
На саемот се очекува да присуствуваат над 35 мали винарии, а посетителите ќе имаат можност да запознаат и да дегустират над 200 сорти вино, 30 сорти ракии, 30 вињаци и да вкусат храна од четири производители.
Организаторите велат дека цел на настанот е да ги поттикнат македонските граѓани да купуваат производи од малите винарии, и на таков начин ќе помогнат, и ќе го разгласат фактот дека во државава има квалитетно вино кое го произведуваат малите тиквешки винарии.
Организаторите истакнаа дека поголемиот дел од винариите-изложувачи имаат веќе освоено многубројни награди и признанија на престижни светски саеми, а тоа укажува на фактот дека малите семејни винарии се новите амбасадори промотери на македонското вино ширум светот.
Подготвено од М.Н.