rublji

06.12.2022 Скопје

Руските окупатори на украинската област Херсон го повикаа населението да ги замени своите заштеди за руски рубљи.

Преку видео порака на каналот Телеграм шефот на окупаторските сили, Владимир Салдо, соопшти дека од 1 јануари завршуваат плаќањата во украинската национална валута, гривна.

Како причина Солдо го наведува огромниот пад на вредноста на гривната поради економските проблеми на Украина, додавајќи дека украинската валута „се претвора во обична хартија”.

Одлуката за промена на валутата, претходно беше објавена во октомври, и е дел од мерките за припојувањето на регионот на руска територија.

Од почетокот на војната украинската национална валута – гривната изгуби околу 50 отсто од својата вредност во однос на доларот.

Во другите анектирани региони, Луганск и Доњецк, рубљата веќе некое време е воведена како оицијална валута.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author