https://www.facebook.com/photo.php?fbid=705043090978805&set=pb.100044193621427.-2207520000.&type=3

18.12.2022 Скопје

Со 156 гласа „за“ од владејачката Нова демократија, грчкиот Парламент го изгласа буџетот за 2023 година, каде самото гласање на буџетот во Парламентот, традиционално секоја година се смета како глас за доверба на актуелната Влада.

Пред гласањето во парламентот претходеа говори на лидерите на партиите и на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој најави нова мерка за поддршка на граѓаните.

Грчкиот премиер соопшти дека од февруари до јули, Владата ќе покрива 10 проценти од трошоците за супермаркет и продавници за храна на граѓаните,истакнувајќи „10 отсто инфлација, 10 отсто покрива државата“, а мерката ќе се однесува на одредени категории домаќинства во зависност од нивните приходи.

Дополнително се предвидува и следната година да се спроведат мерките што беа воведени годинава, како што се субвенции на сметките за струја, намалено ДДВ на безалкохолни пијалоци, на билети за кино, театар и концерти, туристички пакети, продолжување на породилниот додаток во приватниот сектор од шест на девет месеци, зголемен станбен додаток за поддршка на студентите, и обезбедување стимулации за продолжување на туристичката сезона и во текот на зимската сезона.

На гласањето во парламентот за буџетот за 2023 година, против беа сите опозициски партии, додека пак лидерот на опозициската СИРИЗА Алексис Ципрас го повика Мицотакис да распише предвремени избори.

Подготвено од М.Н.

About Author