22.12.2022 Скопје
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден соопшти дека поради прераното појавување на грипот, ќе пушти одредени дози на лекови за грип на рецепт од Стратешките национални залихи во државите чии жители сè уште ги полнат лекарските ординации низ земјата.
Локални медиуми соопштуваат дека луѓето кои сакале да земаат лекови без рецепт поради зголемениот број на заболени од грип, наишле на празни полици во аптеките бидејќи е пројавен недостиг, особено на лекови за деца.
Администрацијата не открива колку дози ќе бидат достапни, но минатата недела федералната агенција откри дека ќе им дозволи на државите да користат државни залихи на Тамифлу, кој може да се препише за лекување на грип и кај бебиња постари од две недели.
Центрите за контрола и превенција на болести во САД проценуваат дека грипот досега оваа сезона довел до 150.000 хоспитализации и 9.300 смртни случаи.
Подготвено од М.Н.