https://www.flickr.com/photos/vostok_leon/3819422319/in/photolist-6PvxbX-25RXdi9-8nKCwT-6stTeQ-bkd1ZF-5xiE39-4wRXWH-8nNMdS-8UF2a9-VSvNwX-2jdALZT-bJnSqg-74LAyn-8gc3K7-q33z9i-az4yEU-4wHYJe-W1Gk21-76ETeh-8nKC2r-aEh4TX-7i4jqA-5E8av8-bGPY3z-tAoeh-LLdFuq-uR6MVR-ByKRpK-8D9Xhf-5t59A4-q47SmR-3bdWMn-pfYqe-3hMG2-9bE2JW-8VuRDu-5gHkYE-s2JjDc-2n1Mgm4-qaR3J-9tRp9h-hoYi8a-93bsFz-9ouDKh-75j47j-96d5eN-4sQ9as-4wj3mF-6awkoA-2nwAkF3

14.12.2022 Скопје

Владата со последни пресметки околу новата цена на струјата. Попладнево зад затворени врати на седница, ќе се донесе конечна одлука по која цена ЕСМ ќе ја продава својата електрична енергија во следните шест месеци на ЕВН ХОУМ.

Најдоцна до петок, државните електрани треба да ја достават новата понуда за цена. Во моментов, таа е 48 евра за мегават час. Од тоа каква цена ќе понуди ЕСМ, најмногу ќе зависи какви сметки за струја ќе плаќаат граѓаните по Нова Година.

Експертите сметаат дека по сите параметри логично е да има поскапување, но одлуката за новата цена ќе биде политичка.

За неколку дена и Регулаторната комисија за енергетика треба да ги добие пресметките на трошоците и од другите енергетски компании. Откако ќе ги анализира ќе се одлучи што од нивните барања ќе се прифати, а што не.

Сепак, првиот регулатор уверува дека сегашните набавки на струја кои се прават нема да се вкалкулираат во крајната цена за домаќинствата. Засега единствено што се знае е дека ДДВ-то за струја од први јануари наместо 5 отсто ќе биде 10 отсто. Со тоа автоматски граѓаните ќе добјат повисоки сметки.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author