21.12.2022 Скопје
Чешкото претседателство со Европската унија соопшти дека амбасадорите на ЕУ усвоиле компромисен текст за визна либерализација за Косово пред неговото конечно усвојување во Советот на ЕУ, наведувајќи дека Косово направило уште еден чекор на својот европски пат.
На почетокот на 2023 година, визната либерализација за Косово треба да биде потврдена од Советот на ЕУ и Европскиот парламент.Визната либерализација ќе им овозможи на граѓаните на Косово да патуваат и да останат до 90 дена во ЕУ без виза во било кој период од шест месеци.
Режимот за безвизно патување на косовските граѓани ќе почне да се применува од датумот на започнување со работа на Системот за информации и овластувања за патување на ЕУ (ETIAS), а во секој случај тоа ќе биде најдоцна до 1 јануари 2024 година.
Подготвено од М.Н.