09.12.2022 Скопје
Двајца американски претставници изјавија дека САД планираат да воведат нови санкции кон Кина и Русија, што ќе вклучуваат казнување на Москва за употребата на ирански беспилотни летала во војната против Украина.
Санкции ќе има и за Кина поради, како што тврди Вашингтон, нелегалниот риболов на Пацификот, додека расте загриженоста за евентуалниот кинески прекумерен риболов и ширењето на кинеското влијание на море.
Повеќето од санкциите ќе бидат наметнати според таканаречениот глобален „закон Магнитски” од 2016 година, што на американската Влада и дозволува воведување санкции за странски владини претставници за кои се смета дека ги кршат човековите права, замрзнувајќи ги нивните средства и им забранува влез во САД.
САД го осудија извозот на ирански воени беспилотни летала во Русија, која ги користи во својата војна против Украина.
Подготвено од А.Ѓ.