https://www.facebook.com/photo/?fbid=537866648355849&set=gm.553661496582142

23.12.2022 Скопје

Шарам организира новогодишен базар, кој ќе се одржи утре, 24 декември, во хотелот „Арена“ со почеток во 18:00 часот.

Првиот новогодишен шарпланински базар ќе го разубават десетина македонски брендови и творци на уникатни рачни изработки и дела. Покрај штандовите на македонските брендови, на овој базар за прв пат ќе биде претставена и изложбата „Нов архитектонски концепт за жичарница Тетово-Попова Шапка“ на архитектот Благоја Ристовски.

Дружбата и забавата ќе биде надополнета и со можност за хуман гест и донации за хуманитарната акција „Стопли семејство“. За добрата атмосфера ќе се погрижат Шербет Трио и С.А.М.

Шарам ги поканува сите љубители на планината, снегот и новогодишната магија да присуствуваат на првиот новогодишен базар на инспиративната Шара.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *