https://www.facebook.com/ustaven.oficijalna.stranica/photos/a.102609862302690/102614638968879

01.12.2022 Скопје

Уставен суд на денешната седница донесе одлука да не се отвара постапка за предметот во кој беше оспорено работењето во недела.

Портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска, појасни дека во правниот поредок останува Законот кој го уредува правото на работниците да не работат во недела, освен во дејностите кои се исклучоци, а секако се предвидени со сегашното законско решение.

За Беловска, неосновани се наводите на Стопанската комора на Република Северна Македонија која е подносител на оваа иницијатива и која бараше да се запре извршувањето на овој Закон.

Уставниот суд расправаше за овој случај на седница што се одржа на 14 септември годинава, но одлука не беше донесена поради недоволно мнозинство гласови, а на денешната седница се одлучи воопшто да не се отвара оваа постапка и законот да остане ист.

Подготвено од М.Н.

About Author