https://www.facebook.com/photo.php?fbid=695090571988987&set=pb.100044641500082.-2207520000.&type=3

16.12.2022 Скопје

Европратеничката Мариа Спираки нема да биде кандидатка за пратеник на Нова демократија на следните парламентарни избори во Грција, а паралелно и е суспендирано и партиското членство со одлука на претседателот на владејачката партија Кирјакос Мицотакис.

Оваа одлука доаѓа поради сомневања за сторена измама на штета на буџетот на ЕУ, во врска со пратеничкиот додаток за асистенти.

Од Нова Демократија соопштија дека се додека трае горенаведената одлука за суспензија, Марија Спираки нема да биде кандидат за пратеник во изборната единица еден во Солун на следните национални избори.

Спираки е поранешна новинарка која во 2014 година, по 22 години го напушти новинарството и беше кандидатка за европратеник на Нова демократија, кога доби мнозинство од гласовите и беше прва на листата.

Подготвено од М.Н.

About Author