https://www.facebook.com/photo.php?fbid=599268484904087&set=pb.100044628210344.-2207520000..&type=3

22.12.2022 Скопје

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарците би сакале Европскиот парламент во сегашната форма да се распушти поради актуелниот корупциски скандал.

На годишната меѓународна прес-конференција во Будимпешта Орбан изјави дека кредибилитетот на таа институција неодамна бил доведен во прашање и дека го поддржува укинувањето на тоа тело.

Орбан истакнал дека степенот до кој е нарушен угледот на Европскиот парламент во Унгарија со последниот скандал не може да биде помине така лесно и затоа бара итно укинување на институцијата.

Премиерот Орбан го нападна Брисел поради неодамна откриениот корупциски скандал поврзан со сомнителната проневера на одредени пратеници со пари за услуги во кои наводно е вмешан Катар.

Агенцијата посочува дека прес-конференцијата е речиси единствениот повод во годината кога Орбан дозволува прашања од светски или унгарски медиуми кои се критички настроени кон актуелната власт.

Дополнително на тензиите меѓу Будимпешта и Брисел е лобирањето на унгарската влада против санкциите против Москва поради нејзината војна во Украина.

Орбан се смета за еден од најблиските сојузници на рускиот претседател Владимир Путин , и тој тврди дека санкциите биле неефикасни како притисок врз Русија да ја прекине војната, и дека Брисел има нанесено повеќе штета на европските економии отколку Русија.

Подготвено од М.Н.

About Author