17.12.2022 Скопје
Украинскиот премиер Денис Шмихал изјави дека во Украина се увезени околу половина милион генератори на електрична енергија, но на земјата и се потребни уште илјадници, поголеми и посилни, за да ја преброди зимата.
Украинскиот мрежен оператор Укренерго по најновите руски воздушни напади соопшти дека времето за поправка ќе биде подолго отколку по претходните напади и дека ќе биде потребно подолго време за да се врати струјата.
Шмихал на состанок во украинската влада изјави дека на Украина ќе и требаат околу 17.000 големи и индустриски генератори и истакна дека се надева дека ќе се покријат некои од овие потреби со помош на Европската унија.
Украина се соочува со зголемени прекини поради руските напади врз нејзината енергетска инфраструктура од почетокот на месец октомври.
Подготвено од М.Н.