https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3231877997062554&set=pb.100007211555008.-2207520000.&type=3

02.12.2022 Скопје

Во текот на вчерашниот ден, руското Министерство за одбрана и шефот на кабинетот на украинскиот претседател соопштија дека двете земји размениле 50 заробеници.

Претходно, официјален претставник назначен од Русија во окупираната област Доњецк објави дека Москва и Киев ќе разменат заробеници.

Андриј Јермак, шеф на канцеларијата на Володимир Зеленски, извести за ослободување на 50 „заштитници на Украина” и рече „дека размената на затвореници ќе продолжи до ослободувањето на последниот Украинец”.

Русија најави дека ослободените ќе ги одведе во Москва на медицински преглед и рехабилитација.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author