27.12.2022 Скопје
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека имаат намера да одржат мировни преговори до крајот на февруари, на годишнината од избувнувањето на војната.
Кулеба додаде дека тоа најверојатно ќе биде во Обединетите нации, со генералниот секретар Антонио Гутереш како можен посредник и дека дипломатијата ќе игра важна улога во завршувањето на конфликтот во Украина.
Кулеба истакна дека Обединетите нации би можеле да бидат најдоброто место за одржување на мировниот самит бидејќи не се работи за правење услуга на една земја, туку сите земји треба да бидат вклучени, и додаде дека на Русија прво треба да и се суди за воени злосторства и дури потоа да и се дозволи да учествуваат во преговорите.
Кулеба вели дека Русите редовно кажуваат дека се подготвени за преговори, што не е точно, бидејќи, како што вели, се што прават на боиштето го докажува спротивното.
„Секоја војна завршува како резултат на акциите преземени на бојното поле и на преговарачката маса“, истакна Дмитро Кулеба.
Подготвено од М.Н.