26.12.2022 Скопје
Украина ги повика земјите-членки на ОН да ја лишат Руската Федерација од нејзиниот статус на постојана членка на Советот за безбедност на ОН и целосно да ја исклучат од ОН.
Украина денеска побара Русија да биде исклучена од Обединетите нации, десет месеци од почетокот на инвазијата на руските трупи врз таа земја.
Украина наведе дека Русија незаконски го држи седиштето на Советскиот Сојуз во Советот за безбедност на ОН од 1991 година и неговото распаѓање во 15 нови земји.
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитри Кулеба изјави дека присуството на Русија во Советот за безбедност и во целост во Обединетите нации е нелегитимно.
Подготвено од М.Н.