02.12.2022 Скопје
Денеска, скопското Основно училиште „Лазо Ангеловски“ ќе биде домаќин на првиот „Ласер Ран“ настан во Република Северна Македонија, на кој ќе учествуваат 150 ученици од училиштето на возраст од 9 до 14 години кои ќе се натпреваруваат во трчање и ласерско пукање.
„Ласер Ран“ е прв настан во нашата држава што вклучува ваква комбинација на спортови, кои се дел од модерниот пентатлон. Атлетската дисциплина пентатлон која постои уште од античко време и е основа на Олимписките игри, а денес опфаќа пет спорта – трчање, пукање, пливање, мечување и јавање.
„Ласер Ран Скопје 2022″ е во организација на „Модерен Пентатлон, асоцијација на Република Северна Македонија“, заедно со Македонски олимписки ломитет. Асоцијацијата „Модерен Пентатлон” е регистрирана во 2019 година, но поради корона вирусот, активно почнува со работа од оваа година, токму со организација на настанот „Ласер Ран Скопје 2022″.
Подготвено од А.Ѓ.