https://www.facebook.com/photo.php?fbid=592702778882540&set=pb.100044284693756.-2207520000..&type=3

29.12.2022 Скопје

Денеска, турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека Анкара нема да дозволи Грција да ги прошири границите на нејзините територијални води во Егејското Море, коментирајќи ги неодамнешните извештаи во грчките медиуми за плановите на Атина да ја прошири границата на територијалните води кај островот Крит до 12 милји.

Турскиот министер за надворешни работи истакна дека последниве неколку дена, главно во грчките медиуми, имаше извештаи за планови на Атина да ги прошири територијалните води кај островот Крит на 12 милји, предупредувајќи ја Грција да не бара авантура, да не се стреми кон лажно херојство, затоа што последиците можат да бидат многу штетни.

Во 1995 година, турскиот парламент усвои резолуција со која го оквалификуваше грчкото проширување на постојните граници во басенот на Егејското Море како casus belli (причина за војна). Министерот, исто така, потсети дека Турција трипати се обратила до ОН поради грчката повреда на статусот на островите во Егејското Море.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author