https://www.facebook.com/photo?fbid=528646975960191&set=a.296815359143355

05.12.2022 Скопје

Главните теми на кои во Загреб разговараа министерот за правда Никола Тупанчески и министерот за правда и администрација на Хрватска, Иван Маленица, беа зајакнувањето на билатералната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Хрватска во делот на правосудството како и градењето на капацитетите за водење на преговорите во делот на Поглавјето 23: „Правосудство и темелни права”.

На средбата, Тупанчески и Маленица разменија мислења за прашања преку кои нашата држава може да извлече практични и корисни искуства од Хрватска значајни за евроинтегративниот процес.

Министерот за правда Никола Тупанчески истакна дека Хрватска е добар пример за следење во однос на исполнувањето на конкретните задолженија во правосудството за зачленувањето на нашата држава во Европската Унија, додавајќи дека Поглавјето 23 е едно од најобемните и сложени поглавја, а брзината и времетраењето на преговорите во оваа област директно влијаат врз напредокот на преговарачкиот процес.

Хрватскиот министер Иван Маленица посочи дека во наредниот период ќе се интензивира соработката и дијалогот меѓу двете држави во насока на наоѓање решенија базирани на европските вредности.

На средбата е разговарано и за искуството на Хрватска за ветингот во правосудниот систем, сузбивањето на организираниот криминал и корупција, како и за имплементацијата на билатералните договори меѓу двете држави и закондавната агенда.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author