FB_IMG_1672053403530

26.12.2022 Скопје 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска со предновогодишно расположение го посети и Центарот за лица со даунов синдром во Скопје.

Во центарот моментално има 17 корисници од 3 до 26 годишна возраст, додека целосно објектот има капацитет за 24 лица. Во просториите на центарот поставена е опрема за подобрување на физичката состојба на децата, односно справи за трчање, пинг- понг маса, топки за пилатес, опрема за развој на фина моторика и друга дидактичка опрема како и соби за одмор.

Тренчевска за време на својата посета разговараше со присутните за нивниот секојдневен живот, нивните активности како и за стручната работа од страна на кадрите вработени во центарот.

Министерката имаше прилика да изработи новогодишни честитки заедно со корисниците и да ги проследи изведбите на нивните омилени песни.

За време на средбата еден од корисниците ја информираше министерката дека е студент и моментално е четврта година и дека е во исчекување на моментите за изработка на неговата дипломска работа.

На крај министерката им додели новогодишни пакетчиња кои се дел од заедничката соработка со Филип Морис Македонија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author